Заврши 12 та по ред успешна #СОФ приказна ✨

Одржани повеќе од 20 настани на различни локации во градот кои ја ширеа фестивалската #магија во текот на целото лето 🌙✨
Струмица Опен Фестивал, културна манифестација, поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Советот на Општина Струмица e симбол за препознатливост на квалитетна македонска музика, промоција на култура и забава за сите генерации 🎼📚🌙
Во духот на фестивалската магија се читаше поезија и афоризми, промоција на книги, се спортуваше и натпреваруваше, се овозможија бројни културни настани за уживање на публиката, народни танци и ора за промоција на македонското културно наследство како и вечери на македонски филмови за сите генерации 🎞🎤🎼
Во опуштена и релаксирана атмосфера се реализираа Board games и шах и дадовме придонес во развивање на здрави и спортски навики кај струмичани со „Ноќни патеки“, „Вело тура“, „Баланс бајк“ трката и детските игри со Стојне во парк 🤸🚴
На сцената на 12 то издание на Струмица Опен Фестивал во магично издание блеснаа многу домашни музички ѕвезди во концертните вечери во градскиот парк во Струмица 🎶🌙
Звучните имиња Тамара Додевска, Наде Талевска и Ристо Самарџиев со Камерен оркестар на Битола со безвремените македонски хитови, извонредните Александра Јанева, Иван Кукиќ, Brass Brothers, Тајзи и Александра Илиева. Со македонските евергрини учениците од школата за гитара под водство на професор Васко Пиличев приредија незаборавни музички доживувања на бројната публика 🎼
Струмица опен фестивал, поддржана од Министерство за култура, на магичен начин ви го претставува најдоброто од музичкиот и културниот живот во нашата држава ✨