Македонија ми е асоцијација за љубезност, храна, добри луѓе и добри концерти. Имам среќа што годинава во Струмица ова беше веројатно најпосетениот концерт којшто сум го имала на овие простори.
- Северина (2013)
„Доаѓам често во Македонија, но подолго немав настапувано во Струмица. Ми беше многу важно да ме поканите на вашиот фестивал и тоа се случи на третата година од ОПЕН фестивал - трета среќа. Се надевам дека некогаш повторно ќе се вратам на вашиот фестивал. “
- Здравко Чолиќ (2014)
„Посебно се радувам што Струмица во југоистокот на Македонија има ваков квалитетен фестивал на којшто настапуваат имиња како Кирил Џајковски, мојот пријател Здравко Чолиќ па и ние.“
- Бајага (2014)
Искрено, имав заборавено како изгледа да се настапува пред толку многу народ на кој не можеш да му го видиш крајот. Драго ми е што Струмица ОПЕН фестивал ме потсети колку е убаво тоа чувство.
- С.А.Р.С. (2014)
„Овде се е направено со љубов. Ви благодарам Струмица за одличната ноќ!“
- Дино Мерлин (2017)
„Од сите балкански колеги слушав колку било фантастично во Струмица. СОФ е чудесен настан. Јас сум само една од многуте ѕвезди кои дојдовме да ја видиме оваа струмичка магија. “
- Владо Јаневски (2018)