Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“

Со детската театарска претстава „Во домот на Волшебникот“, што се одигра синоќа, заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Фестивалска магија цело лето“.

Струмица, 16 јуни 2023 (МИА) – Со детската театарска претстава „Во домот на Волшебникот“, што се одигра синоќа, заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Фестивалска магија цело лето“.

Од почетокот на фестивалот на 6 јуни, се одржаа седум рекреативно-спортски и културни настани, а „Струмица опен“ продолжува на 26 овој месец.

– Планираните програмски содрини во целост се реализирани и како што објавивме на прес конференцијата пред почетокот на Фестивалот, програмата ја дополнуваме со нови содржини, како што беше синоќа со детската претстава. По десет денови продолжуваме со Македонски шлагери „Ретроманија“ и до крајот ќе понудиме содржини кои ќе го привлечат вниманието на граѓаните, изјави Томи Печков од „СОФ“.

Фестивалот треба да заврши на 13 август, кога последните три фестивалски вечери се резервирани за концерти на музички ѕвезди од земјава.