Одржани повеќе од 20 настани на различни локации во градот кои ја ширеа фестивалската #магија во текот на целото лето
Струмица Опен Фестивал, културна манифестација, поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Советот на Општина Струмица e симбол за препознатливост на квалитетна македонска музика, промоција на култура и забава за сите генерации
Во духот на фестивалската магија се читаше поезија и афоризми, промоција на книги, се спортуваше и натпреваруваше, се овозможија бројни културни настани за уживање на публиката, народни танци и ора за промоција на македонското културно наследство како и вечери на македонски филмови за сите генерации
Во опуштена и релаксирана атмосфера се реализираа Board games и шах и дадовме придонес во развивање на здрави и спортски навики кај струмичани со „Ноќни патеки“, „Вело тура“, „Баланс бајк“ трката и детските игри со Стојне во парк
На сцената на 12 то издание на Струмица Опен Фестивал во магично издание блеснаа многу домашни музички ѕвезди во концертните вечери во градскиот парк во Струмица
Звучните имиња Тамара Додевска, Наде Талевска и Ристо Самарџиев со Камерен оркестар на Битола со безвремените македонски хитови, извонредните Александра Јанева, Иван Кукиќ, Brass Brothers, Тајзи и Александра Илиева. Со македонските евергрини учениците од школата за гитара под водство на професор Васко Пиличев приредија незаборавни музички доживувања на бројната публика
Струмица опен фестивал, поддржана од Министерство за култура, на магичен начин ви го претставува најдоброто од музичкиот и културниот живот во нашата држава