Синоќа се одржа првиот аеробик тренинг на отворено како дел од програмата на СОФ 2020. Во градскиот парк кај Езерцето вежбаа 60-тина рекреативци од сите возрасти. Тренингот го водеше аеробик и пилатес инструкторот Елена Илков од GoFit. Општинската организација на Црвен Крст – Струмица со свој волонтерски тим беше дел од синоќешниот настан со цел да информира за почитување на мерките за време на настанот. Овој спортски настан е поддржан од Општина Струмица, Делегацијата на Европската Унија, Халк Банка и Sunday.