Синоќа, првата концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 ја обоивме со најискрените чувства – вечер во чест на нашиот Џоко Ѓоргиев. 
Чувствувавме среќа што повторно се обединивме, тага и солзи за изгубеното, но и гордост што неговото име продолжува да живее на сцената – меѓу тапани и гитари, во срцата на младите струмичани кои ја носат неговата музичка приказна понатаму. 
