Вчеравечер, под топлото струмичко небо и во срцето на Корзото, времето за миг застана…
Со настапот на Ретроманиа, Струмица се потсети на едно поинакво, поромантично време – исполнето со безвременски песни, прошетки под ѕвездено небо и мирисот на младоста. 

Низ емотивен репертоар, звукот на старите времиња нè обви со носталгија, а публиката – од најмладите до највозрасните – пееја заедно, со срце полно спомени.

Музиката повторно не’ собра, не’ допре, не’ соедини. 
Благодарност до Ретроманиа што ни приредија вечер за паметење, полна љубов и емоција – токму како што е духот на #СОФ2025.
Се гледаме на следниот настан – летово го живееме како мозаик од емоции! 