Book Club на отворено

📚🌳 Под крошните на Градскиот парк, синоќа се одвиваше вистинска книжевна магија!✨
Book Club на отворено беше место каде што тивко се слушаа зборовите, а гласно се чувствуваа емоциите.
Во пријатна и неформална атмосфера, дел од Културно-забавната програма на #СОФ2025, со поддршка од Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица и 🇪🇺Europe House Strumica , уживавме во проза, поезија, афоризми и инспиративни разговори.
✍️Особено вреден дел од вечерта беа младите и неафирмирани автори, кои со храброст ги споделија своите необјавени дела. Тие нè потсетија дека книжевноста не живее само во книгите – туку и во секое срце што има што да каже.
Градскиот парк никогаш не бил потивок, но ниту пополн со зборови. Ви благодариме што бевте дел од ова книжевно доживување под ѕвезденото небо! 🌌📖

Напишете коментар