Книжевна лабараторија со Ана и Сузана

📚✨ Вчеравечер, Градскиот парк во Струмица се претвори во вистинска Книжевна лабораторија!
Заедно со Ана и Сузана, најумните детски главчиња ги вклучија своите фантазии и создадоа волшебни приказни под отворено небо. 🌿📖

Преку импровизиран и креативен пристап, децата учеа како македонските 🇲🇰народни приказни се создавале уште пред стотици години и како се пренесуваат од колено на колено – преку бабите и дедовците. Уживаа во слушање, раскажување и во создавање свои магични светови. 👵👴

 

Настанот се одржа во рамките на Струмица Опен Фестивал 2025, 14-то издание под слоганот Мозаик од емоции.

Напишете коментар