Во рамките на #СтрумицаОпенФестивалот, ансамблот ги воодушеви присутните со автентични македонски песни и ора, облечени во богати и шарени македонски носии. Ритамот на традицијата ја понесе струмичката публика и ги стопли срцата на сите присутни.
„Фолклорна низа“ повторно покажа дека е вистински чувар на нашето културно наследство, носејќи ја македонската фолклорна магија на секој свој настап.