📝✨ ВЕЧЕР НА АФОРИЗМИ ✨😄

Во рамките на Културно-забавната програма на Струмица Опен Фестивал, љубителите на пишаниот збор уживаа во духовити, остроумни и инспиративни афоризми под отворено небо.
Афоризмите, иако кратки, беа доволно силни за да предизвикаат и смеа и размислување. Публиката со внимание ги следеше зборовите кои боцкаат, забавуваат и откриваат вистини.
Настанот беше збогатен со настапи на афористичари од Куманово и Кочани, кои со својата оригиналност ѝ дадоа дополнителна живост на вечерта.

Напишете коментар