✒️ ВЕЧЕР НА ПОЕЗИЈА! 📜

🌙“Вечер на поезијата” со Вања Изова Велева и незаборавното претставување на поетското творештво на Живко Грозданоски и Катерина Панов Кожаров, вчеравечер во градскиот парк создадоа енергија на која никој не остана рамнодушен. Покрај поезијата и амбиенталната музика на младите музичари од ОМУ “Боро Џони” од Струмица, настанот отвори можност и за сите заинтересирани поети да учествуваат. ✍️
Во нашата ,,Кутија на поезијата’’📦, секој вљубеник во поезијата остави📩 своја творба📜. Творбите ќе бидат прегледани од жири комисија🧑‍⚖️ и ќе имаат шанса да бидат објавени во книга. 📖
Благодариме на сите учесници и се надеваме на многу нови и инспиративни поетски дела! 💫