Синоќа, под отворено небо во прекрасниот градски парк на Струмица, членовите на Читателскиот клуб се собраа на една незаборавна книжевна дружба, како дел од #СтрумицаОпенФестивал.
Опкружени со убавината на природата и свежиот летен воздух, заедно читавме и дискутиравме за делото “Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски.