📚𝐁𝐨𝐨𝐤 𝐂𝐥𝐮𝐛 на отворено – промоција на македонска книжевност!📖🌿🌳🌙

📚 Синоќа, под отворено небо во прекрасниот градски парк на Струмица, членовите на Читателскиот клуб се собраа на една незаборавна книжевна дружба, како дел од #СтрумицаОпенФестивал.
🌳📖 Опкружени со убавината на природата🍃 и свежиот летен воздух, заедно читавме и дискутиравме за делото 📗“Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски.