14 август 2020 // 21:00 ч. | Езерце
Најкратката литературна форма – афоризмот е забавна игра на зборови која секогаш го привлекува вниманието на струмичани. Годинава ќе слушаме хумор од стиховите на Јане Атанасов, Атанас Крлевски, Ацо Ѓоргиев, Ристо Филчевски и Ѓорги Панов. Заедно со нив, учество ќе земат и учесниците на Есенската Школа за млади афористичари: Илина Врешкова, Сања Велкакова, Ели Двојаковска и Славе Котески.