11 август 2020 // 19:00 ч. | Цареви кули
Хит-настанот од минатогодишното издание со свој нов термин на #соф2020. Најголемиот симбол на градот „Цареви кули“ нуди незаборавна ѕвездена глетка за 100-тина рекреативци. Збирното место на двете групи е малиот градски парк од каде во две групи се упатуваат кон историскиот локалитет. Велосипедистите се движат по асфалтен пат во организирана и обезбедена поворка. Рутата за пешаци и годинава минува низ манастирот Св. Илија.