Општи информации

Аплицирајте за медиумски соработник! Известувајте директно од Струмица ОПЕН фестивал! Преземи акредитација.

Отворениот струмички фестивал ви ги отвора ширум своите врати за бесплатно присуство на целата културно-уметничка, едукативна и забавна програма. Вашето задоволство може да го искажете со слободна донација и на тој начин го помагате и зголемувате уживањето во настаните од најубавите 9 дена секое лето.

Приближните термини за почеток на концертните настапи ќе бидат објавени неколку дена пред отворање на големата музичка сцена на официјалните страници на ОПЕн фест. Потребно е да се има предвид дека распоредот на настапите на артистите е подложен на промени од различни причини.

Волонтерски тимови на Клубот на млади при Црвен крст - Струмица ќе бидат распоредени на неколку пунктови. Волонтерите на Црвен крст ќе ги препознаете по своите знамиња и обележја. Ним може да им се обратите за помош во секое време.

Алкохол, храна, стаклени предмети или шишиња, конзерви, запаливи материјали, оружје. На посетителите им е строго забрането поставување на каков било вид промотивни материјали без претходна согласност и дозвола од организаторот.

Мапата за евакуација може да ја разгледате овде.