Влатко Стефановски Трио

Влатко Стефановски Трио

Влатко Стефановски Трио

2 септември 2020 // 22:00 ч. | Езерце

Веднаш по августовската турнеја во Хрватска, виртуозното Влатко Стефановски Трио доаѓа на #соф2020. Неприкосновениот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и мегаталентираниот Иван Кукиќ на бас гитара. Нивниот 90-минутен концерт ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци. Дел од програмата ќе бидат Традиционалните етно народни класици, но и голем дел од неговото богато авторско творештво.