00
Денови
00
Часови
00
Минути
00
Секунди

За Струмица ОПЕН Фест

Со шестото издание на најголемата културно-уметничка, едукативна и забавна во Струмица првпат пристигнуваат специјални нешта направени со љубов. Од традиционални настани за верните посетители, до невидени изненадувања подготвени за новите фестивалџии. За сите возрасти, за сите вкусови. Почувствувајте ја емоцијата која ќе ви ја пренесат годинашните 80 артисти, распоредени на 20 разновидни настани, пренесени на 5 отворени сцени. За фестивалската љубовна магија не постојат граници. Нашите срца ќе чукаат како едно!


900.000

Посетители

400

Изведувачи

100

Настани

5

Изданија

Агенда

Нашите артисти ја носат својата љубов кон уметноста, џез, рок, поп музиката, фолклорот, пишаниот збор... директно на летните ОПЕН фест сцени. Бесплатна програма со уникатни настани распоредени во 8-дневна програма. Бидете дел и почувствувајте ја љубовта која ќе го пополни просторот околу сите нас во текот на жешките, долгоочекувани, августовски и фестивалски денови во градот под Царевите кули!

Четврток, 27 Јули

20:00 - 01:00

OneLOVE Tour

Сцена: Базен Аквариус

Преку музиката на групи и изведувачи од двете соседни, блиски земји, со многу сличен јазик, ќе Ви докажеме дека љубовта обединува, а љубовта кон музиката може да собере на едно место фанови од Македонија и Бугарија. Турнејата ќе помине во осум градови од двете држави.

Артисти: Криско, Слаткаристика, Гери-Никол,Тони Зен, Апсурт и DJ Гоце С.А.Ф.

Четврток, 3 Август

21:00 - 22:30

Отворање

Сцена: ЛУБ „БЛАГОЈ ЈАНКОВ – МУЧЕТО“

Отворањето на шестото издание ќе биде во знак на откривање на големи нешта направени со љубов. Лицето на Локалната самоуправа библиотека „Благој Јанков – Мучето“ ќе добие свој нов, позитивен и урбан изглед. Откривањето на двата мурала ќе биде збогатено со музички перформанс, улични свирачи, улични уметници, детски уметнички слики и изложба на најдобрите фотографи од наградниот фото-конкурс за убавините на Струмица.

Артисти: Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Паркети

Петок, 4 Август

21:00 - 22:00

Италијанска Вечер

Сцена: Летен Амфитеатар

Настан поддржан од Италијанската амбасада со цел да се промовира италијанската култура, главно преку изведба на италијанска музика. Баритонот Васил Гарванлиев кој има студирано во Италија ќе ја разнежни публиката со својата карактеристична и моќна изведба на италијански поп, опера, наполетан песни.

Артист: Васил Гарванлиев

22:00 - 23:30

Rock 'n' Roll Classics

Сцена: Чешмичка

Рок концертот е продолжение на настанот Струмица во 60-тите и 70-тите кој беше реализиран во октомври 2016 година. Истата екипа од 10-тина струмички таленти, средношколци и студенти, ќе ги изведат најголемите рок класици односно музиката со која изразнале нивните родители. Златната ера на музиката пред струмичката публика под отворено небо. We will rock you!.

Артисти: Млади струмички таленти

Сабота, 5 Август

20:00 - 22:00

Пипи долгиот чорап и Јојо Kids

Сцена: Чешмичка

20:00-21:00Детска претстава Пипи долгиот чорап.
21:00-22:00Концерт на кој ќе се промовираат новокомпонираните песнички од четвртиот Јојо фестивал.

Артисти: Јојо фестивал

22:00 - 23:30

Ансамбл Тримери

Сцена: Летен Амфитеатар

Најпрепознатливите струмички чувари на македонскиот фолклор и народно творештво со нов концерт пред струмичката публика. Весели ритмови, брзи тактови, талентирани играорци, нови кореографии, забавна програма.

Артист: Членови на ансамблот Тримери – Струмица.

Недела, 6 Август

21:00 - 23:00

Летна школа за гитара

Сцена: Летен Амфитеатар

Четвртата летна школа за гитара им овозможува бесплатни часови со еминентни професори на сите деца, ученици и љубитени на добрата музика од основните школи во Македонија. Многу дружење, забава и дводневни часови во основното музичко училиште „Боро Џони“, а сето тоа на крај ќе биде одбележано со завршен концерт кој ќе се одржи во малиот градски парк во Струмица.
Специјално изненадување за годинашното издание е 60-минутно предавање на Влатко Стефановски на традиционалната четврта Летна школа за гитара. Неговото гостување ќе помогне за популаризација на настанот и дополнителна мотивација на потенцијалните учесници.

Артисти: Учесници на летна школа за гитара + Влатко Стефановски

22:00 - 23:30

Фестивал на лица со телесен инвалидитет - Мобилност

Сцена: Чешмичка

Манифестацијата „Музички средби на лица со телесен инвалидитет“ за првпат се одржала во 1995 година.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија е национална репрезентативна инвалидска организација која ги застапува и претставува правата и интересите на граѓаните на Република Македонија кои имаат различен вид на телесен инвалидитет.
Мобилност Македонија има повеќе од 8000 регистрирани членови, организирани во 17 локални организации на целата територија на РМ, а во градот Скопје има повеќе од 2000 членови.

Артисти: Лица со телесен инвалидитет и настапуваат исклучиво со стари македонски народни песни, а нив ги придружува музичкиот состав „Феникс“.

Понеделник, 7 Август

20:00 - 21:30

Трка на келнери

Сцена: Чешмичка

Во градот на кафулињата и богатиот ноќен живот Струмица келнерите си имаат свој ден. На традиционалната Трка на келнери тие се во центарот на вниманието. Најхрабрите 32 келнери ќе си ги одмерат силите во натпреварот за најбрз и највешт келнер. Презентирајќи ги своите вештини ќе го надополнат фестивалското доживување и расположение на струмичани.

Артисти: 32 келнери од угостителски објекти во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово.

22:00 - 23:30

Џез Сцена

Сцена: Летен Амфитеатар

Струмица ОПЕН фест по четврти пат ја активира џез сцената во прекрасниот амбиент на Летниот Амфитеатар. Годинава ќе гостува џез музичарот, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски – Четкар. Настанот е поддржан од Амстел. Музичките критичари за него даваат спектакуларни критики и го позиционираат како еден од најнадежните имиња во џез – соул и фанк жанрот во светот. Тој е активен изведувач во живо и учествувал на разни меѓународни фестивали и клубови низ Европа и САД. .

Артист: Владимир Василевски – Четкар

Вторник, 8 Август

21:00 - 22:00

Вечер на поезија

Сцена: Езерце, Градски Парк

Венко Андоновски е македонски писател, раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист и книжевен теоретичар. Роден е на 30 мај 1964-та година во Куманово. Завршил филолошки факултет во Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1990-та година. Се смета за еден од најпопуларните македонски писатели од почетокот на 21-от век. Негови поважни дела се „Папокот на светот“(роман); „Вештица“ (роман); „Бунт во домот за старци“ (драма); „Фрески и гротески“ (раскази); „Кандид во земјата на чудата“ (драма) и други.

Артисти: Вања Изова – Велева, Венко Андоновски

22:00 - 23:30

Вечер на филм

Сцена: Летен Амфитеатар

Дополнително ќе се објави информации.

Среда, 9 Август

22:00 - 23:30

Александра Јанева & Friends

Сцена: Езерце, Градски Парк

После спектакуларниот солистички концерт во 2016 година, моментално најпопуларната естрадна личност од Струмица, се враќа со свој настан на фестивалот направен со љубов. Хитовите “Еве ме пак“, „Врати ми го сонцето“, „За сто години“, „Најмило мое“, „Зошто баш ти“ во уникатна акустична верзија пред струмичката публика. Победник е на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година, како и на Макфест во 2013 и 2016 година, добитник на награда Личност на годината во Струмица за 2016 година.

Четврток, 10 Август

21:00 - 22:00

Вечер на афоризми

Сцена: Езерце, Градски Парк

Погледот на општеството, политиката, бракот и љубовта преку призмата на докажаните мајстори на афоризам од Р. Србија и Р. Македонија.
Афоризмот е скокоткање на душата, создавање крива линија која може да ги исправи сите проблеми и уметнички белег на ОПЕН фест покрај езерцето во големиот градски парк.

Артисти: Љупка Цветанова, Атанас Крлевски, Ристо Филчевски, Ацо Ѓоргиев, Иван Котев

22:00 - 23:30

Stand Up Comedy

Сцена: Летен Амфитеатар

Никола Тодороски, професионален актер во охридскиот Народен театар, познат стендап комичар кој зад себе има реализирано бројни успешни настапи во Македонија, Балканот и Европа, член на првиот клуб за стендап комедија на Балканот, добитник на престижната награда „Најдобар машки стендап комичар за 2013 година“.

Артисти: Никола Тодороски

Учесници на настанот

Својата љубов преку музика на големата ОПЕН фест сцена ќе ја пренесат:

Galija

Rock, Serbia

Aleksandar Galoski

Electronic, Macedonia

Sergej Cetkovic

Pop, Montenegro

Tavitjan Brothers

Ethno Jazz, Macedonia

Jelena Tomasevic

Pop, Serbia

Pata Pata

Techno, Macedonia

Jelena Rozga

Pop, Croatia

DJ Mystique

Electronic, Belgium

Cyrilic

Electronic, Macedonia

Van Gogh

Rock, Serbia

Local Support

Electronic, Macedonia

Disconnected

EDM, Macedonia

Nino Velichkovski

Folk, Macedonia

Dino Merlin

Pop, Bosnia and Herzegovina

Queen Real Tribute

Rock, Serbia

Dani Dimitrovska

Pop-rock, Macedonia

Поддржувачи

Фестивалот постои благодарение на досегашната огромна поддршка од Општина Струмица, општествено одговорните компании, љубители на добрата забава, поддржувачи на културата, едукацијата и уметноста.

Покровители

Поддржувачи

Медиумски партнери

Последни новости

Следете ги активностите и дознајте ги сите детали за најчуваната тајна оваа лето – фестивалот направен со љубов.

Место на оддржување

Фестивалски Бонтон

Кога пиеш, пиј одговорно!

Не прскај со алкохол!

Ако пиеш, не вози!

Отпадот фрли го во корпа!