Често поставувани прашања

Општи информации

Аплицирајте за медиумски соработник! Известувајте директно од Струмица ОПЕН фестивал! Преземи акредитација

Отворениот струмички фестивал ви ги отвора ширум своите врати за бесплатно присуство на целата културно-уметничка, едукативна и забавна програма. Вашето задоволство може да го искажете со слободна донација и на тој начин го помагате и зголемувате уживањето во настаните од најубавите 9 дена секое лето..

Приближните термини за почеток на концертните настапи ќе бидат објавени неколку дена пред отворање на големата музичка сцена на официјалните страници на ОПЕн фест. Потребно е да се има предвид дека распоредот на настапите на артистите е подложен на промени од различни причини.

Волонтерски тимови на Клубот на млади при Црвен крст - Струмица ќе бидат распоредени на неколку пунктови. Волонтерите на Црвен крст ќе ги препознаете по своите знамиња и обележја. Ним може да им се обратите за помош во секое време.

Алкохол, храна, стаклени предмети или шишиња, конзерви, запаливи материјали, оружје. На посетителите им е строго забрането поставување на каков било вид промотивни материјали без претходна согласност и дозвола од организаторот.

Мапата за евакуација може да ја разгледате овде.