Новости

Целосната програма ќе биде позната на 19 јуни

Бидете дел од откривањето на најчуваната тајна ова лето, нашите ексклузивни гости и нивното обраќање. На листата на нештата направени со љубов ќе се најдат 15 културно-уметнички и едукативни настани, дури 20 концерти распоредени во три музички денови и над 400 артисти.

КОНКУРС – Фотографирај ја Струмица!

Дел од нештата направени со љубов ќе биде првиот конкурс за фотографирање во склоп на претстојното шесто издание на Струмица ОПЕН фестивал 2017. Почнувајќи од 23 мај па сè до 10 јули струмичани ќе имаат можност да ги фотографираат највпечатливите обележја на градот и да аплицираат на конкурсот насловен „НАПРАВЕНО СО ЉУБОВ“.

Официјализиран датумот за шестото издание

По шести пат, од 3 до 13 август во текот на единаесетте фестивалски денови нашиот град ќе заживее со посебен дух кој го носат младите – организатори на сите настани. Овој македонски бренд станува гордост на струмичани и омилена локација на мапата со обележан датум на календарот на многу гости од цела Македонија и дијаспората.