Целосната програма ќе биде позната на 19 јуни

Бидете дел од откривањето на најчуваната тајна ова лето, нашите ексклузивни гости и нивното обраќање.

На листата на нештата направени со љубов ќе се најдат 15 културно-уметнички и едукативни настани, дури 20 концерти распоредени во три музички денови и над 400 артисти.

Фестивалскиот дух ќе заживее во градскиот парк, летниот Амфитеатар, Езерцето и плоштадот „Гоце Делчев“.

Ексклузивни гости, големи балкански и светски хитови, неверојатни таленти, позитивна енергија и авантура која треба да се доживее. Бидете дел!