Секаде за секого – Црвен крст на СОФ 2020

Благодариме на волонтерите на Општинската екипа на Црвен Крст – Струмица. Под мотото #секадезасекого тие се дел од секој наш настан. Волонтерите се со нас да информираат за почитување на мерките за време на настаните од нашата поинаква приказна. Во градскиот парк делеа заштитни маски и средства за дезинфекција, а воедно и беа подготвени да дадат прва помош доколку некому му затреба.