СОФ 2020 – поинаков културен бран во нови услови

Во недела започнува деветтото издание на СОФ 2020 и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во 20-дневна програма во градскиот парк. Локацијата на фестивалот ќе биде оградена и обележана со регулиран влез. Ќе биде дозволено присуство само со маска. На локацијата ќе бидат поставени седишта на соодветно растојание и настаните ќе може да ги следат ограничен број посетители.

Годинашното издание ќе биде во знакот на поддршката на македонската култура со акцент на почитувањето на препораките за заштита на јавното здравје! Фестивалот годинава ќе донесе нови спортски активности, филмски проекции, панел дискусии, детска програма, домашна музика и убава атмосфера!

Програмата ќе започне во недела со Chill Day, на 10 и 12 август ќе се одржат аеробик часови со Елена Илков. На 11 август велосипедска и пешачка патека до локалитет Цареви кули, а на 12 август препознатливата вечер на афоризми.

Leave a Reply