Во недела започнува деветтото издание на СОФ

Најголемата културно-уметничка манифестација во Струмица започнува в недела, 9 август. Фестивалот изминатите осум години ја збогатува културно-уметничката програма во градот. Годинава подготвивме поинаква приказна, во поинакви услови.

Програмата ќе трае 20 дена, а публиката ќе има можност да присуствува на 20 целосно бесплатни настани.